Иако секој ден е одлична можност да ги прославиме жените и нивната значајна улога во домот и општеството, Меѓународниот ден на жената ни дава уште една причина да го направиме токму тоа.
Денес, градоначалникот Марко Колев им оддаде чест на сите жени вработени во општинската администрација лично врачувајќи им подарок, оддавајќи им признание за сите досегашни и идни достигнувања во заложбите за рамноправност и еднаквост.
Општина Велес како општествено одговорна институција подароците ги откупи од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, со цел со средствата да го помогне функционирањето на првоотворениот мал групен дом за живеење со поддршка во Велес.
Честит 8 Март!