Градоначалникот Колев заедно со дел од општинската администрација денеска оствари работна посета на ОЈУДГ „Димче Мирчев“. На истата, со директорката на градинката Маја Велиновска, беше разговарано за сите сегашни и идни проекти и активности на кои ќе работи установата, како во делот на воспитно -образовната работа со децата, така и во дел од реализација на планирани капитални инвестиции ,со цел јакнење и унапредување на дејноста во областа на детската заштита.
Во текот на посетата, Градоначалникот во една топла работна атмосфера, имаше можност да види како се одвива воспитно -згрижувачката дејност во градинката и како нашите најмали од градот го поминуваат времето во градинка.На крајот од средбата Градоначалникот истакна дека поддршката од општината кон градинката ќе продолжи и понатаму, уште поинтензивно, со цел обезбедување на што подобри услови за згрижување и воспитување на децата како и проширување на капацитетите на градинките за обезбедување на што поголем опфат на деца од предучилишна возраст.