Јавните паркиралишта со кои управува јавното претпријатие се поделени во три зони: А, Б и Ц.

Во зона А има три подзони и тоа Подзона А1, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Гоце Делчев (под судот), подзона А2, вон улично паркирање на паркинг простор на улица 8ми Септември (под Градски саат) и Подзона А3, вон улично паркирање на паркинг простор кај зградите кај „Чешелот“.

Во зона Б има 9 Подзони и тоа Подзона Б1, вон улично паркирање на паркинг простор на улицата Алексо Демниевски Бауман, Подзона Б2, вон улично паркирање на паркинг простор на улица Наум Наумовски-Борче, Подзона Б3, вон улично паркирање на паркинг простор на улица Оливер Китановски (поранешна ул. Прва Комуна), Подзона Б4, улично паркирање на дел од улицата Лазо Осмаков, Подзона Б5, вон улично паркирање на паркинг просторотна улица Љубљанска, Подзона Б6, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Петре прличко (покрај Автобуска станица Велес) Подзона Б7, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Ангел Мишев (во близина на Градски пазар) Подзона б8, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Ангел Мишев (во близина на Стар мост) и Подзона Б9, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Нада Бутникошарева.

Во зона Ц има две подзони и тоа Подзона Ц1 улично паркирање на дел од улицата д-р Христо татарчев и Подзона Ц2, улично паркирање на дел од улицата 11-ти Октомври.

Цената на услугата во зона А е 30 денари за еден час и паркирањето е ограничено на два часа, во зона Б е 20 денари за еден час  и нема ограничување на паркирање и во зона Ц е 10 денари од час, нема ограничување на паркирање.

Дневна паркинг карта од 24 часа за сите три зони изнесува 400 денари.

Во зависност од зоната, дефинирани се цени на паркирање во неколку тарифи.

Услугата за паркинг местата ќе се наплаќа од понеделник до петок од 07:00 часот до 23:00 часот по летно сметање на времето, додека во сабота ќе се наплаќа од 07:00 до 17:00 часот. По зимското сметање на времето, услугата ќе се наплаќа од 07:00 часот до 21:00 часот, додека во сабота ќе се наплаќа од 07:00 до 16:00 часот..

Во празници и недела услугата за паркинг нема да се наплаќа.

За подетални информации обратете се во Јавното претпријатие „ПАРК-СПОРТ И ПАРКИНЗИ Велес„.

Контакт телефон: 075 329 264, 043 212 911

Или на следниве мејл адреси:

jpssoparksportveles@gmail.com

parking@veles.gov.mk