Во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ денеска се одржа 25-та по ред ликовна работилница. Годинава, од републичка, работилницата прерасна во меѓународна со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија. Ученици со попреченост и лица со типичен развој од 31 училиште од овој реон и гостите од другите земји цртаа на керамика и заедно создаваа вредни уметнички дела со мотиви од нашето културно творештво.
Целта на ликовната работилница е инклузија на лицата со попреченост.
Градоначалникот Марко Колев ја посети ликовната работилница и им посака на учесниците успешна работа и меѓусебна дружба.
Уметничките дела создадени на ликовната работилница, која се одржува со поддршка на Општина Велес, ќе бидат изложени во НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од 03 до 06 декември.