Општина Велес издвои 1.536.651 денари од буџетот наменети за еднократна парична поддршка за сите првачиња запишани во учебната 2024/2025 година. На сметката на 461 родители односно старатели на првачињата запишани во основните училиштеа во Велес е исплатена еднократната парична помош во висина од 3.000 денари. По прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка со што денеска паричната поддршка ќе биде на располагање на нивните трансакциони сметки.
Општина Велес продолжува да инвестира во најмладите и иднината на градот.