Во Големата сала на Општина Велес вечерва се одржа шеесет и првото издание на традиционалната манифестација „Избор на најдобар спортист и екипа на Велес за 2020 година“, во организација на Сојузот на спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и Градоначалникот Аце Коцевски. На манифестацијата беа прогласени најуспешните спортисти и спортски работници во Велес.
Со свое пригодно обраќање, манифестацијата ја отвори претседателот на Сојуз, на спортови на Велес, Ангел Љутков кој истакна дека и во услови на пандемија велешките спортисти постигнале врвни резултати.
Најпрестижното признание „Спортист на годината за 2020 година“годинава му се додели на Драган Ванов од Мото клуб Мото Велес.
Годинава со признанија се закитија и спортските манифестации кои се реализираа во текот на 2020 година како што се Пливачкиот маратон, Ендуро шампионатот и Тенискиот турнир Велес Опен.
Посебни признанија годинава им се доделија на Здружението на спортски ветерани, навивачката група Гемиџии, на Панче Ѓурчиев и на судијката Клементина Војдиновска од Карате клуб Гладијатор.
Во категоријата екипно млади третото место му припадна на Кајак кану клубот Вардар, второто место на Градски одбојкарски клуб Борец и првото место на Карате клубот Гладијатор.
Во категоријата екипно сениори третото место го освои клубот во мал фудбал Кеги мобил, второто место му припадна на Градски одбојкарски клуб Борец и првото место за Фудбалски клуб Борец.
За прв пат годинава се прогласува уште еден клуб од индивидуалните спортови а тоа е Младински велосипедски клуб Велес.
За најдобар тренер од сениорите е прогласен Петре Жабев од ГОК Борец.
За најуспешни млади спортисти за 2020 беа прогласени: Милан Дончевски – ФК Борец, Антонио Николов – ГОК Борец, Христијан Гајдов – КК Борец – баскет, Мартин Арсовски – КК Гладијатор, Христијан Смилев – КК Бабуна, Давид Николов – ЗСР Бабуна, Коце Игнатов- КК Бабуна, Валерија Крстева – КК Арка Борец, Кристијан Коцевски – РК Велес 2009, Катја Зафирова – ЖОК Борец, Мартин Гогов – ФК Борец Јуниор, Ангелина Босилкова – ФК Борец, Давид Ристовски – МВК Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар, Ердин Зејнелов – БК Борец, Јована Николова – БК Борец, Петар Андоновски – РК Вардар.
Градоначалникот Коцевски ги додели наградите во категоријата спортисти сениори. Наградени се: Кирил Миленков – ГРК Борец, Љубомир Спасиќ – КК Арка Борец, Ангел Петрушев – ККК Вардар, Матеј Матев – ГОК Борец, Суат Карталовиќ – КК Баскет, Никола Саздовски – КМФ Кеги мобил, Христијан Ванчевски – МВК Велес, Христијан Маневски – ФК Превалец, Ѓорѓи Бановски – КК Гладијатор, Ана Јавашева – ФК Борец, Христијан Игнатов – КК Бабуна, Виктор Ванчевски – МВК Велес, Трајче Трајков – ФК Борец и Драган Ванов – Мото Велес.