Комисијата за распределба на средства согласно објавата за прибирање предлози за креирање на програмите за активностите на Општина Велес за 2021 година направи избор на проекти и проектни активности кои пристигнаа од страна на граѓанските организации по претходно објавениот годишен конкурс за финансирање проекти за 2021 година.

Со овој избор се одобрува исплата на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес од Програмата за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор – Учество во реализација на проекти со граѓански организации (според утврдена листа на одобрени апликации), во висина од 514.600,00,денари.

Паричните средства ќе бидат исплатени на граѓанските организации, за реализација на избраните проектни активности за тековната 2021 година.

 

Список на граѓански организации:

БР НОСИТЕЛ ПРОЕКТ /

ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ

Одобрени финансиски средства од Буџетот на Општина Велес (МКД)
1 Стрип центар на Македонија 18. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2021“ 30.000,00
2 Здружение

„Распеани велешани”

Вечер на

староградски песни

50.000,00
3 Ансамбл „Керамичар” Годишен концерт на Ансамбл „Керамичар” 30.000,00
4 Здружение на граѓани друштво за музичко – сценска уметност и спорт Балетско студио „Анабела” „Седи дома и танцувај” 37.600,00
5 Извиднички одред „Димитар Влахов” XXXV Средби на извидници и

V куп на извиднички пријателства – Велес 2021 и 70 години извидништво во Велес

40.000,00
6 Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител”, Велес Професионална спасителна служба за безбедност на вода на езеро „Младост” 50.000,00
7 ЗГ „Велес Бајкинг”, Велес „Иднината на Велес е во велосипедизмот” 50.000,00
8 Здружение на слепи лица, Велес Печатење на 8 книги на брајово писмо 50.000,00
9 Здружение Центар за Кинезиологија, Велес Алтернативно физичко и кинезиолошко образование во време на пандемија КОВИД-19 27.000,00
10 Фондација за локален развој и демократија „Фокус”, Велес „Младинска синергија” 50.000,00
11 Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА”, Велес Прирачници за

инклузивно образование

50.000,00
12 Еколошко друштво „Вила зора”,  Велес Одговорност пред сè 50.000,00
ВКУПНО: 514.600,00