Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија МАРГО-БРАН ДОО Велес, за инсталација за интензивно свињарство со капацитет од 300 места за товеници над 30 кг. и 40 места за маторици,
Седиште на операторот:
ул. “Димитар Андонов Папрадишки” бр. 143 во Велес.
Локација на инсталацијата:
ул. “Димитар Андонов Папрадишки” бр. 143 во Велес.
Контакт лице:
Горанчо Анѓеловски – управител,
Категорија на инсталација:
Прилог 2
6. Останати активности
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(б). 100 до 2000 места за гоење свињи (над 30 кг) и
(в). 50 до 750 места за маторици
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk