Започна реконструкцијата на спортските терени во населбата Дворови. Со проектот е предвидено да се постави еластична спортска подлога на двете игралишта, со што ќе се подобрат условите за спортување и рекреација. Ќе се реконструира и постоечката ограда околу игралиштата, а предвидена е обновување на патеката за трчање околу целото игралиште  со завршен слој од гумен под. Проектот опфаќа реконструкција на уличното осветлување и поставување на рефлектори за осветлување на спортските терени.

Жителите од овој дел на градот  ќе добијат  уреден простор со различни спортски содржини и можност за рекреација како и нова урбана опрема за деца.

Средствата за изградба на спортскиот комплекс се обезбедени во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, преку кофинансирање на Општина Велес и Бирото за регионален развој.