Во петок, 06 октомври 2023 година, ќе започне асфалтирањето на улицата „Ганчо Хаџи Панзов“  и тоа од Спомен Костурницата и дел од улицата „Орце Шутев“ до раскрсницата кај двата дуќана на Јурија. Асфалтерските работи ќе се изведуваат во петок и сабота, 07 октомври 2023 година.

Општина Велес со апел до жителите кои живеат и транзитираат во овој дел од градот, да не ги паркираат возилата на улицата додека се изведуваат градежните работи и да не сообраќаат на посочениот потег, за да не се отежнува или спречува изведување на асфалтирањето.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање заради непречено изведување на градежните работи.