Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 8 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.
Општина Велес со апел до граѓаните да се почитува забраната за возила и замолува за разбирање додека траат спортските игри.