Општина Велес известува дека настанот од Велешко лето 2025, предвиден за вечерва, 05 август, се одложува за во четврток, на 7 август во 21:00 часот. Поради лошите временски прилики поетско музичкиот прерформанс „Поезија за мојот град“ што требаше да се одржи вечерва, 05 август, во Младински парк, ќе се одржи во четврток.
Утревечер, среда, 06 август, на програмата на Велешко лето е креативната работилница „Книга во лето“ што ќе се одржи на спортскиот комплекс Дворови со почеток во 19:00 часот. Како дел од настанот се и забавни игри со Sonic.


