Поради организирање и одржување на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“ се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата „Благој Ѓорев“ и тоа на потегот од кружен ток Авона па сé до зградата на театар „Ј.Х.К.Џинот“ во период од 08 октомври (среда) до 12 октомври (недела).

Општина Велес очекува граѓаните да покажат разбирање и да го почитуваат времениот сообраќаен режим сé со цел непречено организирање и одржување на најмасовната манифестација од забавен карактер „Питијада 2025“.