Од утре, вторник, (20.06.2023 година) ќе започнат градежните работи за реконструкција на дел од улицата  „Киро Ќучук“, од спој со улица „ Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“ (каде што почнува коцката).

Градежните работи опфаќаат кршење на постоечка бетонска подлога,  изнесување на градежен шут, ископ, тампонирање, валирање и асфалтирање.

Градежните работи предвидуваат вклучување на градежна механизација од различен обем и вид.

Во текот на денот, при  изведувањето на градежните работи, улицата  нема да биде проодна за сообраќај. Ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација со цел безбедно  изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот.