Се известуваат жителите на село Сливник дека водата од водоводната мрежа не е за пиење согласно последните резултати од извршените анализи за здравствена безбедност на водата. Анализа на  примерок на вода е извршена од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес и врз основа на добиените резултати е дадено стручно мислење дека испитаниот примерок НЕ ОДГОВАРА  на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен број на аеробни бактерии и потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.

 

Извештај од тестирање – здравствена безбедност на водата