Од следната недела  ќе започнат  градежните работи за темелна  реконструкција на  улица Орце Мартинов  ,   од потегот –  спој со улица “Самоборска “  до    спој со улица “Игманска “  во должина од околу 360 м .

Градежните работи ќе се изведуваат со ангажирање на градежна механизација за изведување на градежните работи од различен обем и вид – градежни машини , транспортни средства , механизација за асфалтирање.  На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно  изведување на градежните работи како и безбедно одвивање на сообраќајот .

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од два месеца .