Почитувани Граѓани,

Ве известуваме дека од 05.01.2024 започнува еднонасочен сообраќај кој произлегува од потребата за унапредување на севкупното ниво на услуга на постојните улици и тоа на дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Љубев Весов“ во Велес согласно на законската регулатива и согласно на потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот.

Покрај улиците кои се предмет на воведување на еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците, Коле Неделковски и 8-ми Септември, како и улица Браќа Поп Јорданови која претставува конекција помеѓу улиците „Архиепископ Михаил“ и „Љубен Весов“. Основна цел со реализацијата на овој проект е унапредување на континуираното управување со еднонасочните сообраќајници во градот, замена и подобрување на истрошената, недоволна и застарена сигнализација, како и подигнување на стандардите за непречен пристап кон постојните и/или планирани и идни објекти, а со почитување на потребите за мобилност и со следење на затекнатата состојба и природните ограничувања.

Ве замолуваме да се држите до поставената сообраќајна сигнализација за безбедно одвивање на сообраќајот.