По повод одржување на концерт на Саша Матиќ во Спортската сала Гемиџии Велес, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 18:00 часот па сé до 01:00 часот по полноќ во сабота, 18 октомври.

Со цел да се избегнат логистички непријатности, по барање на СВР Велес е донесена одлука да се затвори за сообраќај паркот за време на подготовките и одржувањето на концертот.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат одлуката за забрана за сообраќај во Градскиот парк во посочениот период.