Поради подобрување на временските прилики – намалување на дневните температури, созддени се услови за продолжување со градежни работи за бетонирање на дел од улиците „Александар Несторов“ и „Славе Ефтовски“.
Поради отежнат пристап на градежна механизација до локацијата за работа, се молат граѓаните во деновите кога се изведуваат градежните работи, да не паркираат возила на улицата и да имаат разбирање и трпение додека се изведуваат работите.
Времетраењето на изведувањето на градежните работи ќе биде околу 30 денови.