Се известуваат граѓаните на општина Велес дека утре (Среда 03.02.2021) и задутре ( Четврток 04.02.2021 год ) на дел од улица „Богдан Каракостев“ – од спој со улица “Ристо Најдов Шајката“ до спој со ул “Славјанска “ќе се изведуваат градежни работи – реконструкција на водоводни приклучоци од новопоставена водоводна линија до водомерите на секој потрошувач.
За да се овозможат услови за непречено изведување на градежните работи, потребно е да се запре, односно да се прекине сообраќајот на споменатата делница во горенаведените денови.
Градежните работи се дел од проектот за реконструкција на водоводни линии кои ги финансира Министерството за транспорт и врски, а ги изведува „Делта пром инг “ од Велес.
Се молат граѓаните да ја почитуваат мерката за прекин на сообраќајот на наведената делница.