Денеска, 24.01.2023 година, ќе се отпочне со градежни актвивности за реконструкција на дел од улица „Благој Ѓорев“ – Нова населба (од Градинка „Димче Мирчев“ клон 5 до спој со улица „Живко Фирфов“) и дел од улица „Живко Фирфов“. Сообраќајот ќе се одвива согласно времен режим до завршување на работите. Изведувач на градежните работи е „Градба Промет“ од Кавадарци.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.