Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од денеска, 17 јуни, (понеделник) започнаа градежни работи за реконструкција на дел од улица „Никола Вапцаров“ од спој со улица „Тодор Јанев“ во должина од околу 150 метри.
За време на изведувањето на градежните работи улицата ќе биде исклучена од сообраќај и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Градежните работи ќе се изведуваат во траење од околу 30 дена.
Се замолат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат трпение и разбирање во текот на траењето на градежните работи со цел непречено и навремено зваршување на реконструкцијата на улицата.