Се известуваат граѓаните дека започнати се градежни работи на улица „Андон Шурков“ бр. 8 во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ кај Комплекс УЗУС (Горна кула).

Се замолуваат граѓаните кои живеат во тој дел од градот да не ги паркираат автомобилите на улицата за да се ослободи просторот и непречено да се извршуваат градежните работи.