ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2022 ГОДИНА

Општина Велес ги информира граѓаните дека во петок, 17 декември 2021 година, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2022 година. Поради актуелната состојба со Ковид 19, Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex. Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку…

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

ССОУ „Коле Неделковски“ го одбележа Патрониот празник со низа активности. Во присуство на Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, директори  на основни и средни училишта  како и претставници на социјални партнери, директорката на училиштето Весна Стојанова Богоевска го истакна своето задоволство за успесите и постигнувањата на целиот тим во училиштето и подготовката на квалитетните кадри…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните дека започнати се градежни работи на улица „Андон Шурков“ бр. 8 во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ кај Комплекс УЗУС (Горна кула). Се замолуваат граѓаните кои живеат во тој дел од градот да не ги паркираат автомобилите на улицата за да се ослободи просторот и непречено да се извршуваат градежните работи.