ССОУ „Коле Неделковски“ го одбележа Патрониот празник со низа активности. Во присуство на Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, директори  на основни и средни училишта  како и претставници на социјални партнери, директорката на училиштето Весна Стојанова Богоевска го истакна своето задоволство за успесите и постигнувањата на целиот тим во училиштето и подготовката на квалитетните кадри кои ќе треба да одговорат на потребите на општината и општеството во целост.

Патрониот празник на училиштето се одбележа со свечена програма на која беа доделени награди и признанија на учесниците на литературниот и ликовниот конкурс распишан за истиот повод. Годинава за прв пат беше доделена награда за најдобра литературна творба во чест на Павлина Климкар Меанџиева,  поетеса  и бивша професорка во училиштето. Наградата и беше доделена на ученичката Ребека Манева од 4-4 клас од ССОУ „Коле Неделковски“.

Исто така годинава беше доделена и Гранд при награда за најдобра ликовна творба и истата ја доби Окан  Демиралиев  од 1-4 клас од ССОУ „Коле Неделковски“.