Започна реконструкцијата на дел од улицата „Камка Тоцинова“ во населба Керамидна , на спој со улицата „Луј Пастер“, до куќен број 20, во должина од 100 метри. Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, планирање и валирање, тампонирање, армирање и бетонирање. Истовремено се планира и реконструкција на водоводната линија на тој потег.
За време на изведување на градежните работи улицата нема да биде проодна за сообраќај и ќе се користи градежна механизација. На улицата ќе биде поставена сообраќајна сигнализација. Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат сигнализацијата, да покажат трпение и разбирање со цел непречено да се одвиваат градежните активности.