Се известуваат граѓаните на Велес дека од петок, 09 април 2021 година, ќе започнат градежни работи за рехабилитација  на завршен слој на асфалтот на дел од ул. „Благој Ѓорев“ и дел од ул. „8ми Септември“ и тоа од раскрсницата кон ЈЗУ Здравен дом Велес (Брза помош), на спојот со ул.„Шевки Сали“ до раскрсницата кај јаворите на  С’рмаале. Градежните работи  опфаќаат гребење на завршниот слој на коловозот и асфалтирање.

Во текот на изведување на градежните зафати ќе се користи механизација од различен вид и обем  со што ќе  биде отежнато одвивањето на сообраќајот.  Градежните работи се очекува да бидат завршени  во среда, 14 април 2021 година, а истите ќе се изведуваат согласно изготвен и одобрен Основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај. За таа цел ќе биде применет времен режим на сообраќај во тек на изведување на активностите, со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација.

Имајќи  ја во предвид местоположбата на локацијата на која ќе се изведуваат градежните работи каде има голема фрекфенција на сообраќај,  се замолуваат граѓаните да  бидат трпеливи и да покажат разбирање во деновите кога ќе се изведуваат работите.