На 30 октомври 2024 година, среда, на улица „Димитар Влахов“ на потегот од автопералната до спој со ул „Илинденска“ (кај нов кружен тек ) Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта Велес ќе врши реконструкција на коловозот на тој дел од улицата. Реконструкцијата е предвидена со гребење и асфалтирање. Се замолуваат граѓаните на општина Велес кои паркираат свои возила на коловозот, да ги тргнат и во текот на следните денови до завршување на планираните активности, да ги паркираат на друга локација. На коловозот не треба да има паркирани возила со цел да се создадат услови за непречено изведување на планираниот зафат за реконструкција на завршен слој од асфалт на дел од улицата „Димитар Влахов“.
На предвидениот потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и ќе има соодветна регулација на сообраќајот од страна на изведувачот.
Се замолуваат граѓаните на општина Велес да покажат трпение и разбирање за време на градежни активности.