Почитувани,
Ве известуваме дека од денес 16 март 2020 година на Македонската Радио Телевизија започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“.
Трите канали на националниот телевизиски сервис ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат на училиште. Наставници ќе ги предаваат лекциите кои во овој период требаше да бидат совладани согласно наставните планови и програми. Додека пак за децата од предучилишна возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.
Општина Велес упатува апел до сите ученици да ја следат програмата и корисно да го исполнуваат времето кое го поминуваат дома, додека училиштата и градинките се привремено завторени.