Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од среда 07.09.2022 година, ќе се започне со реконструкција на дел од улица Христо Татарчев, од спој со ул. Борис Трајковски до спој со ул. 8ми Март (после влез во интернатот), во должина од приближно 260 метри.

Се молат граѓаните да не ги паркираат своите возила на делот од улицата предвиден за реконструкција, со цел овозможување непречена изведба на работите.

Сообраќајот ќе се регулира со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, согласно изготвен и одобрен Основен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај одобрен од МВР Велес.

За изведба на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид – за ископ, за транспорт, за нивелирање и асфалтирање.

Од страна на граѓаните потребно е да се покаже трпеливост и разбирање во времето додека се изведуваат работите, а се во интерес на безбедно и квалитетно извршување на работата.

Очекувано времетраење за изведба на работите е 10 дена.