Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив.

Отстранувањето на снегот од отворените јавни  простори пред деловните објекти е согласно член 22 од Законот за јавна чистота  и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на Општина Велес.

Доколку сопствениците или корисниците на деловните објекти не го исчистат снегот пред објектите, надлежните инспекциски служби ќе преземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности согласно Законот за јавна чистота.