Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив.
Отстранувањето на снегот од отворените јавни простори пред деловните објекти е согласно Законот за јавна чистота и доколку сопствениците или корисниците на деловните објекти не го исчистат снегот ќе бидат соодветно санкционирани.