Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од понеделник – 20.09.2021 год ќе отпочнат градежни работи за реконструкција на дел од ул Богдан Каракостев од куќен бр 22 па натаму.
Градежните работи подразбираат вадење на постоечка коцка од улицата, нивелирање, армирање и бетонирање. Градежните работи вклучуваат користење на градежна механизација- градежна машина за ископ, транспортни средства и сл. Заради непречено и безбедно одвивање на градежните работи, а имајки ги во предвид постоечките услови на терен, не се препорачува одвивање на сообраќајот на потегот од раскрсница на ул. Орце Шутев со ул. Богдан Каракостев и по ул. Богдан Каракостев. Времетраењето на изведувањето на градежните работи е во период од околу 2 недели.
Се замолуваат граѓаните на Општина Велес, кои живеат на оваа улица или гравитираат по оваа улица, да ги отстранат своите возила се’ со цел да се создадат услови за непречено изведување на работите.
Исто така се замолуваат граѓаните да бидат трпеливи во периодот на изведувањето на работите.