Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека предвидениот концерт на Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд”, кој е дел од програмата на Велешко лето 2021 и кој треба да се одржи вечерва со почеток во 20:30 часот во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, времено се одложува поради актуелната состојба со Ковид-19.

Ви благодариме на разбирањето.

Здравјето е заедничка одговорност.

 

Со почит,

Општина Велес