Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека од понеделник, 19 октомври 2020 година ќе започнат градежни работи за реконструкција на дел од улица „Петре Милевски” (од спој на улица „Киро Ќучук”, до спојот со улица „Славе Ефтовски”).

Поради малата ширина на улицата и отежнатиот пристап за работа на градежните машини, сообраќајот на овој дел од улицата времено ќе биде во прекин.

Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, се известуваат граѓаните кои имаат паркирани возила на овој простор истите да ги отстранат.

Во зависност од временските услови, градежните работи ќе се одвиваат во траење од четиринаесет денови.

Изведувачот на градежните работи е должен:

 

  • Градежните работи да ги извршува преку ден. Навечер и во услови на намалена видливост, врнежи од снег и обилни врнежи од дожд, работите да не се изведуваат;
  • Градилиштето да го загради со соодветна опрема (ограда или мрежа), при што работата во градилиштето нема да претставува закана за безбедноста на пешаците;
  • Да овозможи непречено минување на возилата на итна медицинска помош, возила за противпожарна заштита и полициски возила при итни интервенции;
  • Да воспостави постојана контрола над времено поставената сообраќајна сигнализација и ја одржува истата во постојана функција;
  • Да не се нанесува кал од возилата што ќе вршат дотур на градежни материјали и утовар на шут и друг отпад од градилиштето на коловозот на улицата.

 

Воедно, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и почитување на поставената сигнализација.

Со почит,
Општина Велес