Се известуваат граѓаните  на Општина Велес  дека од 21.10.2021год. четврток ќе започнат градежни актривности за реконструкција на завршен  слој на дел од улица Енгелсова  и  тоа:

  • од спој со ул Борис Трајковски (под Алви железарата ) до  спој со постоечка улица поплочена со бехатон.

Во текот на изведувањето на градежните работи, ќе се користи градежна механизација со што ќе дојде до нарушување на нормалното одвивање на сообраќајот по улицата со автомобили.

За таа цел апелираме до граѓаните кои користат пристап со возила до гаража или двор преку оваа улица, да ги преместат возилата на друга локација, се со цел да се создадат услови за непречено изведување на градежните активности.

Замолуваме за разбирање и трпение во текот на извршувањето на работите.