Во петок, 11.03.2022 година, ќе биде затворен  за сообраќај дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и тоа од спој со улица „Љубен Весов“ до спој со улица „Коле Неделковски“ (кај јаворот ) поради изведување на градежни работи, бетонирање на плочата од улицата.

Улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 10:00  до 12:00 часот со употреба на соодветна сообраќајна сигнализација.

Се замолат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат разбирање  во интерес на безбедно изведување на градежните работи.

Во случај да врне дожд или снег, градежните работи нема да се изведуваат, односно улицата нема да биде забранета за сообраќај.