Како дел од проектот за поврзување на локалните патишта помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во тек е реализација на градежни работи – реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев, дел од ул.Живко Фирфов, дел од ул.Лазо Осмаков, дел од ул.Андон Шурков и дел од ул.Орце Мартинов.

Во тој поглед на ден 24.02.2023 година во 12 часот ќе се одржи состанок во просториите на Општина Велес заедно со претставници од Општина Велес, изведувачот на градежните работи како и надзорниот орган во поглед запознавање на локалното население за тек на градежните работи и динамиката на поединечните улици, како и разјаснување на одредени барања од страна на локалното население.