Согласно измените на Законот за даноците на имот (“Сл.весник на РМ бр.61/04….151/21) кој започна да се применува од 01.01.2022 година Општина Велес ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното :

  • За сите имоти што ги имаат во сопственост а не се пријавени, да поднесат Даночна пријава за утврдување на данок на имот во просториите на Граѓанскиот сервис центар заедно со актот со кој се пренесува сопственоста на имотот, лична карта и имотен лист како доказ за сопственост;
  • За дополнителните недвижни имоти (освен станови и куќи во кои живеат согласно лична карта ) врз кои имаат сопственост но се користат од страна на други физички лица или правни лица, покрај погоре наведените документи потребно е да достават и Договор за закуп или Договор за плодоуживање,најдоцна до 28.02.2023 година .
  • За дополнителните недвижни имоти (освен станови и куќи во кои живеат согласно лична карта ) врз кои имаат сопственост но се користат од страна на други физички лица-потомци на сопствениците, покрај погоре наведените документи потребно е да достават и Извод од матичната книга на родените-копија, лична карта од корисниците на имотот и изјава од родителот најдоцна до 28.02.2023 година .
  • За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, сопствениците да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар за земјоделски стопанства или Извештај за идентификација на земјишни парцели, најдоцна до 28.02.2023 година.

Потребните документи заедно со Даночната пријава за утврдување на данок на имот да се достават во Граѓанскиот сервис центар на шалтерот за данок на имот , преку пошта на ул.Панко Брашнар бр.1 или на e-mail edanoci@veles.gov.mk .

Задолжително да се остави телефонски број за контакт со подносителот на Пријавата.