Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 16:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за аеросолна дезинсекција.

По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бониер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, третманот ќе се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.