Почитувани,

Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за прскање против комарци.

По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бонер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето ќе се изврши со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.