Почитувани,
Ве информираме дека во раните утрински часови извршена е втора аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.
Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производителот KULSAN ILАС, од Турција и содржи 5% активна материја Cyfluthrinn, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.
KULFAK 50 ЕС е биоцид наменет за сузбивање на адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 50 мл/ха.
Cyfluthrin-от спаѓа во групата па синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо упиштување. Избор се поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите.
Со почит,
Општина Велес