Почитувани,

 Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.

 Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште едно авионско прскања.

 Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството AQUA K-OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производителот  Bayer Environmental Science S.A., Lyon, Francija и содржи 20 грама/литар активна материја Deltamethrin, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.

   AQUA K-OTHRINE 2 EW e концентриран инсектицид кој е соодветен и за  примена со УЛВ метода против возрасни комарци. За цицачите е сигурен, не е канцероген со висок степен на биоразградливост.

   AQUA K-OTHRINE 2 EW e биоцид наменет за сузбивање на штетните инсекти во Јавното здравство, вклучувајќи ги векторските преносители на болести, адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 0,5-1,0 грам/ха.

   Deltamethrin-от спаѓа во групата на синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо упиштување. Избор се поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите.