Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18), член 11 од Законот за пожарникарство (,,Службен весник на Република Македонија бр.67/04……39/16) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005….. 120/2018),
Градоначалникот на Општина Велес објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2019
за вработување на неопределено работно време, овластени службеници
во областа на безбедноста
Општина Велес има потреба од вработување на неопределено работно време на
2 (двајца) овластени службеници во областа на безбедноста.
1.а) Назив на работно место-пожарникар спасител, ниво В4, реден број 105, шифра
ПОЖ 02 10 В04 000 – 2 (двајца) овластени службеници,
б)општи услови:
-кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија,
-да е полнолетен,
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да има општа здравствена способност за работно место,
-со правосилна судска пресуда да не му изречена казна забрана на вршење на професија,
-општи работни компетенции на основно ниво:
Учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни.
(Проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)
Работни задачи и обврски:
-се грижи за одржување во исправна состојба на техничките средства и опремата кои ќе му бидат доверени за извршување на работите и задачите;
-непосредно ги извршува работите и задачите во гаснење на пожари;
-учествува во спасување на животот на граѓаните;
-учествува во заштита на имотот загрозен од пожари и експлозии;
-укажува техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
-извршува и други работи при несреќи и непогоди;
-учествува во оценување на професионалните пожарникари вработени во Територијалната противпожарна единица;
-прима пријави за настанати пожари и други елементарни непогоди;
-пријавува до одговорните лица за пријавувањето за настанат пожар и ги спроведува странките до одговорните лица;
-води евиденција за настанатите пожари и записи од технички интервенции за телефонската централа.
в)посебни услови:
-стручни квалификации: ниво на квалификации lV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
-работно искуство: за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж.
-други посебни услови :
-сертификат за стекната квалификација пожарникар,
(Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето).
г) Распоред на работно време: дневно работно време-работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, 40 часовно–неделно работно време;
д) Паричен нето износ на плата: 16.565,00
ѓ) Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2019,вработувањето е предвидено за 1 (еден) Македонец и 1( еден) Бошњак.
2.Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето на огласот.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса–Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“, бр.1 Велес, со назнака „За оглас бр.03/2019 за прием на овластени службеници во областа на безбедноста”.
Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
-Пријавата за вработување треба да содржи :
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број , датум и место на раѓање , адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон,припадност на заедница)
-кратко мотивационо писно,
-изјава за исполнување на општите услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,
-изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,
-изјава за исполнување на други посебни услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.
3.Доставување на документација
-Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната документација:
-Биографија -CV
-Уверение за државјанство на РСМ(оригинал или заврено на нотар);
-Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар);
-Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување како доказ за работното искуство(оригинал или заверен на нотар);
-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува-пожарникар спасител(оригинал),
Кандидатите кои во кратката биографија и мотивациско писмо ќе наведат податоци за завршено виско образование од она што се бара во огласот, имаат работно искуство во областа на пожарникарството, членуваат во доброволни противпожарни друштва, имаат завршено обуки од областа на пожарникарството, имаат стекнато сертификати за пожарникар, имаат познавање од странски јазици , има возачка дозвола со положено плус други категории , учествувале на спортски натпревари или имаат наведено други податоци, потребно е за сите нив да достават соодветен доказ – документ во оригинал или заверена фотокопија.
Докуменот-уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност Општината Велес по службена должност сама ќе го набави.
4.Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите и интервју.
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите.
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.
По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.
Потребата од физичката способност на кандидатите, органот ќе ја утврдува преку посебна формирана комисија од Општина Велес.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.