Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19, ….288/21),
Градоначалникот на Општина Велес објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр.01/2022
за прием на работник во работен однос на неопределено
време во општинската администрација на Општината Велес
Општина Велес има потреба од работници за засновање на работен однос на неопределено време за работно место и тоа:
1.Назив на работно место – Возач, Ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001
Секторо за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа.
Број на извршители – 1 (еден)
Oпшти услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
– активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови:
-стручни квалификации: Средно стручно образование (техничка струка) или средно гимназиско образование, со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/МКСОО.
-работно искуство: најмалку 1 година искуство во јавен сектор или 1 година во приватен сектор,
евидентирано во Агенција за вработување на РСМ како работен стаж.
Други посебни услови:
-возачка дозвола за Б или Д категорија.
-Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,
дневно работно време: помеѓу 07:30 до 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 до 16:00 часот.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2022 година, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).
2.Назив на работно место – Работник за давадање на податоци- информации, Ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013
Секторо за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа.
Број на извршители – 1 (еден)
општи услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
– активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови
-стручни квалификации: Средно гимназиско образование или средно стручно образование
(техничка струка), со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/МКСОО
-работно искуство: со или без работно искуство
-Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,
дневно работно време: помеѓу 07:30 до 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 до 16:00 часот.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2022 година, вработувањето е предвидено за 1 (еден) Македонец(ка).
Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос треба да ја достават следнава потребна документација:
– Биографија (CV)
– Диплома за завршено образование, оригинал или заверен препис
– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал или заверен препис
– Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,
– Доказ за работното искуство, евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ, оригинал или заверен препис
Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го денот на објавување во дневен печат.
Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1. изнесува 19.367,00 денари.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2. изнесува 19.367,00 денари
Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.01/22.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.
За Општина Велес, тел.контакт 043-232 406.