Врз основа на член 50, став 1,точка 9 од Законот за локалната самоуправа  („Сл. весник на РМ“ бр. 5/02), член 12 од Законот за библиотеките (“Сл.весник на РМ” бр.66/04,89/08, 116/10, 51/11, 88/15, 152/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 122/21) и член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), а согласно член 11 од Статутот на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес бр.01-99/1 од 01.07.2015 година и член 2 од Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Локална библиотека „Гоце Делчев“ Велес бр.02-41/1 од 19.02.2018 година Градоначалникот на Општина Велес распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Директор на
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес

  1. Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • да е државјанин на Република Македонија;
  • во моментот на избирањето со правосилна судка пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција или забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование;
  • да има минимум 5 години работен стаж во областа на културата или 5 години работно искуство на работа или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори на дело;
  • да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години и тоа:

–  ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,

–  ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

–  ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

–  ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

–  БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

–  АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

  1. Кандидатот со пријавата, потребно е да ги приложи следните документи во оригинал или заверен препис:
  • Диплома за завршено високо образование;
  • Потврда за работно искуство;
  • Уверение за државјанство;
  • Кратка биографија-CV;
  • Доказ за меѓународно признат сертифкат;
  • План и програма за развој на установата за наредните 4 години.
  1. Неделното работно време е 40 часови, со дневно работење од понеделник до петок од 08:00 часот до 16:00 часот.
  2. Основната нето плата за работното место изнесува 37.346,00 денари.
  3. Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето, а кандидатите кои ги исполнуваат општите услови од ЗРО и компетенциите предвидени во посебните услови ќе бидат известени по завршувањето на јавниот оглас.
  4. Доставувањето на сертификати за завршена стручна обука од областа на организациско работење, менаџмент на човечки ресурси, стратешко планирање, работа во јавниот сектор, раководење со проектни циклуси, компјутерски вештини ќе се смета за предност.
  5. Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
  6. Пријавата со потребната документација во оригинал или заверена на нотар треба да се достави до Управниот одбор на библиотеката односно во просториите на локална библиотека „Гоце Делчев“ на адреса ул.„Алексо Демниевски-Бауман“ бр.11, 1400 Велес.