Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Велес, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година  се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во

Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • инвалидни лица
  • жени припадници на помалите етнички заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • поранешни корисници на дрога
  • лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

  • шест (6) образовни асистенти за ученици со посебни образовни потреби

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Велес и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Велес кај лицето Родна Трајковска моб. 076 351 675, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,  Агенција за вработување-Центар за вработување Велес кај лицето Елица Јаневска моб. 078 487 119, Центар за социјлна работа Велес кај лицето  Благој Костов моб. 070 238 363.