Општина Велес е во завршната фаза на формирање на Локалниот младински совет согласно Законот за младинско учество и младински политики.
На денешната конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Општина Велес беше донесена Одлука за објавување на Јавен повик за избор на членови на Локаниот младински совет на Општина Велес.
Локален младински совет (ЛМС) на Општина Велес претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање и здружување во Општина Велес, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Во ЛМС може да членуваат претставници на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско здружување со свои претставници.
ЛМС на Општина Велес брои седум (7) членови.
Рокот на пријавување е десет (10) дена, почнувајќи од петок, 2 декември 2022 година, вклучително со понеделник, 12 декември 2022 година, сметајќи од денот на објавување на овој Повик.
Сите информации и документи во врска со Јавниот повик за избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Велес, како и за целиот процес на формирање на Локален младински совет, може да ги најдете на интернет страницата на Општина Велес (Линк), во делот „МЛАДИ” (https://veles.gov.mk/mladi-2022/).
Со почит,
Општина Велес