Општина Велес во соработка со Здружение за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!-Скопје, ќе спроведе мапирање на самохрани родители и тоа:

-самохран родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат или исчезнат;

-самохран родител на дете чиешто татковство не е признаено;

-самохран родител, чиј што статус го добил преку развод на брак.

Според тоа, ги повикуваме граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Велес,  да го потполнат овој анкетен прашалник.

Линк: https://docs.google.com/forms/d/1JDKuIeRwsVVZBe2EwZzxY0Tneh3sSUZ_8TwV2SqNM4M/edit.

Податоците добиени при пополнување на прашалникот ќе се користат само за потребите на мапирањето и се доверливи.