Комисија за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации при Советот на Општина Велес на ден  22.03.2022 година, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

1.1. Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес од користење на простории, кои се во сопственост на Општина Велес.

1.2. Корисници на просториите можат да бидат здруженија, фондации и сојузи  (во понатамошниот текст: корисници).

1.3. Поддршката што Општина Велес ја нуди при користењето на просториите е ослободување од плаќање надоместок за користење на просторот (закупнина).

1.4. По предлог на Комисијата, Одлука за користење на просториите донесува Советот на Општина Велес со временска рамка од 3 години. Врз основа на оваа Одлука, Градоначалникот склучува договор со секој корисник поединечно.

2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК и РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица (наведени во точка 1.2.) со поднесување на Пријава која ги содржи следните податоци/услови:

  • Да немаат сопствени простории за работа;
  • Да достават доказ дека се регистрирани;
  • Да достават листа за реализирани проекти од интерес на граѓаните на Велес;
  • Да имаат развиена соработка со другите граѓански организации од градот, Републиката и странство;
  • Да имаат Годишна програма за работа од која можат да се видат нивните следни активности;
  • Со својата работа да ги развиваат демократските процеси и граѓанските иницијативи;

2.2. Доколку пријавените лица, се стакнат со право на користење на простор, потребно е да ги имаат во предвид следните обврски/должности:

  • Да го прифаќаат Планот за распоред на користењето на просториите;
  • да го почитуваат Куќниот ред за одржување на просториите;
  • да се однесуваат кон просторот како добри домаќини (да го чуваат инвентарот, да внимаваат на употребата на грејните, тела, тековно да ја одржуваат хигиената во просториите – чистење, белење, фарбање, изнесување смет и тн.);
  • да го почитуваат распоредот за користење на просторот;
  • да го користат просторот исклучиво за своите активности;
  • да го почитуваат куќниот ред на објектот: редовно да ги подмируваат сметките за комунални трошоци (струја, вода и др.) и
  • да се грижат за хигиената на просторијата што ја користат и за хигиената на заедничките простории (дворно место, влез, ходници, санитарен јазол, мини кујна доколку ја има и други заеднички помошни простории).
  • Негрижата на просторот (тековното одржување и не придржувањето на куќниот ред), е услов за престанок на правото на користење на просторот на корисникот.

 

2.3. Општината преку претставници од општината, претставници од комисијата и претставници од корисниците,  може да изврши увид на состојбата во објектот произлезена од тековното одржување. По ова преставниците на увидот можат да достават до Градоначалникот предлог за престанок на правото на користење на просторот на корисникот пред истекот на договорот.

2.4. Објавувањето на повикот ќе се изврши во средствата за јавно информирање, веб страната на Општината и на друг соодветен начин достапен на јавноста. Јавниот повик трае 10 работни дена, сметајќи од денот на објавувањето на веб страната на општината.

2.5. Пријавата за аплицирање која е прилог на потребната документација може да се подигне во Граѓанскиот центар на Општина Велес или да се превземе во електронска форма на web страната на Општина Велес.

2.6. Заинтересираните лица, доколку сметаат за потребно да дополнат нешто што е за нив потребно, а е надвор од горе наведеното, истото можат да го наведат во забелешка во пријавата (дали до сега сте корисник на просторија, каде и во кој временски период и др.).

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

3.1. Лицата од точка 1.2 поднесуваат Пријава за аплицирање до архивата во Општина Велес, во затворен плик со назнака „За Јавниот повик за интерес за користење на простории“, до Комисијата за распределба на простории сопственост на Општина Велес на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес.

3.2. Ненавремено доставените документи и нецелосната документација нема да бидат предмет на разгледување.

  1. НАПОМЕНА: По спроведената постапка за распределба на просториите, постоечките договори претходно склучени со корисниците (времено користење), претстануваат да важат. Со корисниците ќе бидат склучени нови договори со временска рамка, утврдени години на користење.

 

 

                                                                                                 Комисија

                                                                 за распределба на простории сопственост на

                                                                    Општина Велес на невладини организации,

                                                                            здруженија на граѓани и фондации

Јавен повик

Пријава